Мисајловски: Храброста и пожртвуваноста на бранителите се траен аманет за идните генерации

Имињата на бранителите кои пред 25 години го положија својот живот за татковината кај месноста Љуботенски Бачила, да се спомнуваат со гордост, а нивното дело да биде вечен потсетник за нивната храброст и љубов кон татковината, напиша денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски на својот фејсбук профил.
Како што наведува Мисајловски, храброста и пожртвуваноста на бранителите се траен аманет за идните генерации.
- На денешен датум, Македонија изгуби уште осум свои синови, осум македонски херои, припадници на резервниот состав на македонската Армија: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димоски, Раде Јанковски. Пред 25 години, кај месноста Љуботенски Бачила, тие храбро го положија својот живот за татковината. Нивната храброст и пожртвуваност се траен аманет за идните генерации. Нивните имиња нека се спомнуваат со гордост, а нивното дело нека биде вечен потсетник за нивната храброст и љубов кон татковината. Вечна слава на македонските херои, пишува министерот Мисајловски.
МИА
Ново на Сител
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
-

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
-

Камп Фест викендов во Преспа
-

Одбележани 25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Скокнал од чамец по веслата кои му паднале, скопјанец се удави во Преспанското Езеро
-

Судење за „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека
-

ЦУК: Девет пожари на отворено, пет се активни
