Министерството предлага измени, опозицијата бара повлекување на законот за казнување на мислење
Министерството за правда ја промени спорната формулација „негативно мислење“ во законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда откако во јавноста излегоа низа реакции дека казнувањето за изјавено какво мислење е спротивно на Уставот и слободата на изразување. Од министерството за првда сега во законот ја вметнуваат формулација: „омаловажувачко и понижувачко мислење“.
„Во врска со измените на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и реакциите поврзани со формулацијата „негативно мислење“, Министерството за правда пропустот во формулација се надминува и членот 6 став 1 би гласел: „За навреда одговара тој што со намера да омаловажи, со изјава, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази за друг со утврден или очевиден идентитет омаловажувачко или понижувачко мислење, со кое се повредува неговата чест и углед“, пишуваат од министерството за правда.
Од таму појаснуваат дека и претходното решение „негативно мислење“ било ставено во законот во овој контекст. Стојат на ставот дека се работи за еден од најлибералните закони. Од правда тврдат дека ова не е закон со кој се реагулираат медиумитеи нивната слобода.
Премиерот Ковачевски потврди дека решението е лошо.
Опозицијата пак, вели не амандамни, туку да се повлече целиот закон. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека со него се враќа времето на вербалниот деликт.
Од СДСМ велат дека ќе се консултираат со засегантите страни за да донесат конечно решение.
Реагираа и од Агенцијата за медиуми. Според нив, казнувањето на објавено негативно мислење ќе предизвика самоцензура во медиумите.
„Можноста за санкционирање поради искажано негативно мислење остава простор за злоупотреба и казнување на медиумските професионалци. Новинарите се гласот на јавноста и тие честопати при вршење на својата работа упатуваат критика за одредени политики или појави во општеството и на тој начин поттикнуваат јавна дебата и придонесуваат за поголема одговорност, отчетност и транспарентност на претставниците на власта“, напишаа од Агенцијата.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
