Македонија
22. May 2026 - 14:54

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи

Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи, информира Министерството за транспорт. 

- Министерството за транспорт согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави согласно законските прописи во најбрз можен рок, посочуваат од Министерството за транспорт.

 

МИА

Ново на Сител