Министерот за правда најавува ново Упатство за да се врати графата контра ставот на Уставен
Ново Упатство за изводите од матичната евиденција заедно со графа за етничка определба најави министерот за правда, Кренар Лога, откако Уставниот суд денеска донесе времена мерка за стопирање на старото упатство бидејќи не било објавено во Службен весник во соодветен рок.
Со тоа времената мерка на Судот ќе станела беспредметна, а изводите и понатаму може да се издаваат како и досега, вели Лога.
Тој и понатаму стои на ставот дека графата за етничка определба во изводите е законска. За него нерелеватно е мислењето на професорката и поранешна министерка за правда Дескоска дека Упатството содржински е неуставно.
Но, министерот оди и чекор понатаму. Утврдил дека речиси сите подзаконски акти од Владата и министерствата не биле објавувани во соодветен рок. Само во последните неколку месеци пронашол над 50-тина вакви акти.
Иако не гледа причина зошто Уставниот суд не постапил по службена должност и за останатите подзаконски акти со промашен рок на објавување, тој не сакаше да коментира кои биле мотивите уставните судии за работа да го земат токму неговото Упатство.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
