-->
-->
Минатата недела во Дубаи се одржа аукција на која е продадена регистерска табличка за 15 милиони долари
-->

Регистарска табличка во Дубаи продадена за рекордни 15 милиони долари.
Станува збор за регистарска табличка со број „7“ за која купувачот платил дури 15 милиони долари. Аукцијата ја организираше Emirates Auctions, специјализирана за продажба на автомобили и регистарски таблички.
Претходниот рекорд за најскапа регистарска табличка беше поставен во 2008 година кога табличка со број „1“ беше продадена за 14,2 милиони долари.
Средствата ќе бидат донирани на 1 Billion Meals Endowment, добротворна организација основана од шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел на Дубаи, за да обезбеди храна за заедниците ширум светот на кои им е потребна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Младите наместо пред телефони да спортуваат
-

Во Прилеп за прв пат се одржа хуманитарната трка „Трка со срце“ на 5 и 10 км
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
