Loading Video...
Фудбал
3. September 2021 - 10:41
Милевски задоволен од прикажанотo во поголемиот дел на дуелот со Ерменија, но корекции мора да има
Најдобрата македонска фудбалска репрезентација одигра без голови против Ерменија во четвртиот натпревар во квалификациите за СП во Катар 2022.
Натпреварот одигран на националната арена „Тодор Проевски“ меѓу Македонија и Ерменија, а во рамките од 4.коло на Ј квалификациската група за Мундијалот во Катар, заврши со нај непопуларниот резултат 0-0.
Во текот на целиот натпревар јасна беше целта на гостите од Скопје да се вратат непоразени и во тоа успеаја. Иако нашите фудбалери имаа повеќе од играта создаваа и шанси сепак сетоа тоа остана залудно, барем што се однесува до желбата да се освојат трите бода, па црвено-жолтите на крајот мора да се задоволат само со еден.
„Моите фудбалери покажаа како треба да се однесуваат репрезентативци на Македонија. Првото полувреме треба да ни биде терк како треба да изгледаме во иднина. Во вториот дел имавме посед, но ни фалеше тој завршен пас и реализацијата, која е причината, за тоа ќе правиме добра анализа за да видиме каде погрешивме. Сепак, во поголемиот дел од мечот сум задоволен како изгледавме“, изјави по натпреварот селекторот Милевски.
Време за корекции нема многу, бидејќи за два дена Македонија гостува во Рејкјавик кај Исланд, кој пак соноќа пред својата публика загуби од Романија со 2:0, репрезентација против која нашата селекција на 8 сепетмври ќе игра во Скопје.
Во последниот натпревар од оваа рунда во нашата група Германците славеа со 2:0 на гостувањето кај аутсајдерот Лихтенштајн.
Во недела (5 септември) на програмата е петата рунда во која дуелот меѓу Исланд и Македонија кој ќе се игра во терминот од 18 часот, а од 20:45 часот ќе стартуваат средбите Германија – Ерменија и Романија – Лихтенштајн.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
