Loading Video...
Фудбал
24. August 2021 - 14:16
Милевски утре ќе ги отвори „картите“ за Мундијалските квалификациски предизвици
За утре е закажана прес конференција на досегашниот селектор на младинците, а сега нов предводник на сениорската фудбалска репрезентација на Македонија, Благоја Милевски.
Новиот селектор, Милевски, утре ќе го објави списокот за претстојните трите натпревари од Ј групата J во квалификациите за СП.
Милевски го очекува своето деби со најдобрата фудбалска селекција и тоа предвизици во септемврискиот репрезентативен прозорец во кој Македонија ќе одигра натпревари со Ерменија (2 септември во Скопје 20:45 часот), три дена подоцна (5 септемрви) на гости во Рејкјавик кај Исланд (18 часот) и дуелот против Романија закажан за 8 септември (20:45 часот) на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
