Loading Video...
Фудбал
30. December 2020 - 10:17

Милевски можен наследник на Ангеловски

Благоја Милевски е можниот наслеследник на Игор Ангеловски на селеторското место на македонската фудбалбалска репрезентација, индиректно најави првиот човек на мак-фудбалот Сејдини.
 
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини во интервју за телевизија „Алсат“ индиректно најави дека Благоја Милевски би можел да ја предводи Македонија на Европското првенство. 
 
„Прво ќе разговараме со Ангеловски, а потоа ќе одиме со други варијанти. Се појави шпекулација и со Просинечки, ама сакам јавноста да знае дека прво ќе разговараме со Ангеловски. Ако не се согласиме, мислам дека цела јавност знае кој ќе биде селектор, ако не се договориме со Ангеловски“, истакна Сејдини.
 
На Игор Ангеловски кој ја предводеше Македонија до историскиот пласман на европскиот шампион, утре и официјално му истекува селекторскиот договор, па по новогодишните празници се очекува раководството на ФФМ најнапред да седне и разговара со него. 
 
Доколку не биде постигнат договор, тогаш се отвара шанса за Милевски кој неодамна најави дека сака да седне на селекторското место на А тимот.  
 
Јас не кријам, ниту сум криел претходно дека еден ден сакам да бидам селектор на А-тимот. За секој тренер во земјава е крајна цел да биде селектор на својата држава. Јас тоа го кажав и пред враќањето на селекторската функција до 21 година“, изјави Милевски. 
 
Инаку Милевски беше првиот селектор кој ја одвел Македонија на завршница на големо натпреварување, а тоа го стори во 2017-тата година со младата репрезентација, од која сега дури десетмина фудбалери се стандардни репрезентативци во сениорскиот тим. 
 
Милевски со надежите и во последниот квалификациски циклус запиша одлични резултати, само поради промената на системот од УЕФА останувајќи без бараж за пласман на ЕП.