Loading Video...
Фудбал
2. October 2020 - 16:22
Милевски го објави списокот за дуелите против Казахстан и Израел
Селекторот на млада македонска фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави поширокиот список на играчи на кои ќе смета за претстојните два квалификации натпревари.
На списокот на Милевски се најдоа 24-ца фудбалери меѓу кои и дебитантот Бојан Миовски од унгарскиот тим МТК.
Македонската репрезентација до 21 година на 8 октомври (од 13 часот) ја очекува меч на гостински терен против врсниците од Казахстан, додека на 13 октомври во Скопје ќе ги пречекаат Израелците (тренинг центар „Петар Милошевски“ од 14:30 часот) во исклучително важните дуели од квалификациите за Европското првенство.
Ова се и директните конкуренти на македонските надежи за освојување на 2.место во групата , во која Казахстанците имаат идентични 10 бодови како и Македонија, но и еден натпревар повеќе од нашата селекција додека Израел е на третото место со 8 освоени бодови.
Селекторот Милевски очекува неговите избраници да ги повторат добрите игри од последните два натпревари против Шпанија и Фарските Острови, потенцирајќи дека и оваа генерација има квалитет чија цел е до крај да се бори за можен нов настап на Европскиот шампионат.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
