Мицкоски за законот за игри на среќа: Се става ред и дисциплина во игрите на среќа

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во врска со новиот закон за игри на среќа рече дека се става ред и дисциплина во во игрите на среќа и дека не може државата да наликува на Лас Вегас. Смета дека нема да има нелегални приредувања на игри на среќа и дека ќе се изгубат работни места.
-Имаме чувство дека државата полека но сигурно наликуваше на Лас Вегас. Буквално на секој чекор гледавме дуќани во кои со силни светлечки реклами се рекламира овој тип на среќа, пред се, мислам на казината и коцкањето и некако како правило до нив веднаш имате канцеларија за брзи кредити, па веднаш до нив имате заложувалница. Тоа е некако еден систем, којшто мораме да го регулираме и претставува систем којшто е за жал причина за многу семејни и човечки несреќи. Со овој закон се регулира оваа дејност. Повеќе нема да има таков тип на реклами коишто привлекуваат внимание. Во некои места дури цели маала имаше по неколку казина такви. Со овој закон, свесни за последиците, можеби и за фискалниот ефект, но ние цениме дека со овој закон мора да се стави ред и дисциплина во игрите на среќа и дека не може државата да наликува на Лас Вегас, изјави Мицкоски.
За Асоцијацијата на игри на среќа, премиерот, кој денеска беше во Виница, вели дека не се согласува со констатацијата дека законот бил донесен нетранспаретно, не мисли дека ќе има нелегални приредувања на игри на среќа и дека ќе се изгубат работни места.
-Не би се согласил со оваа констатација. Мислам дека законот беше донесен ултратранспаретно. Беа повикани буквално сите засегнати страни да учествуваат во неговата изработка. Нормално е дека ние не можеме да се усогласиме 100 проценти со оние што се дел од тој бизнис во моментот бидејќи тие имаат свој интерес. Ние го штитиме интересот на државата и граѓаните. Не мислам дека ќе има нелегални приредувања на игри на среќа и не мислам дека ќе се изгубат работни места. Едноставно се става дисциплина и поинаков лик, поинаква перцепција ќе имаат македонските градови, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-

Перез: Му посакуваме добредојде на еден од најдобрите тренери во светот - Мадридистот Жозе Мурињо
-

Без струја делови од Бутел и Кисела Вода
-

Браќа со пиштоли, скриени во грмушки чекале да убијат возач оти при разминување им се допреле ретровизорите
-

Трамп: Нетанјаху нема друг избор освен да го прифати договорот со Иран
-

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост
-

Израелската армија најави продолжување на операциите на целата територија на Либан
-

Зеленски потврди: Абрамович беше во Киев со намера да пренесе порака до Путин
-

Предупредување од ЕК: Спорниот туристички проект може да го загрози патот на Албанија кон членство
