Македонија
23. April 2023 - 16:34

Мицкоски: Власта преку поранашени функционери на ВМРО-ДПМНЕ уценува пратеници за уставните измени

Ниту амнестија на поранешни функцинери на ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак, уцени од поранешни партиски структури нема да ги проедомислат пратениците на опозицијата да гласаат за уставни измени. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е единствена, тврди лидерот на партијата Мицкоски. Тој обивнува и дека покрај обидите на Владата да уценува и да се заканува денешното раководство на партијата не е исто како претходното.

Сепак, Мицкоско останува на ставот дека доколку има конзенсус за целосно преземање на хрватската преамбула во македонскиот устав, партијата веднаш ќе даде поддршка за уставни измени.

За лидерот на опозциската ВМРО-ДПМНЕ спорен е и експертискиот состав на работната група за уставни измени, особено затоа што во него има луѓе првзаници на Путин, како и фамилијарни врски со челници на ДУИ и СДСМ.

Ја анатемизираат Руската федерација и Путин туку се и онака барем во јавноста, но гледате на дело тие номинираат возљубеници во ликот и делот на Руската федерација и господинот Путин, ние ќе треба да ги плаќаме тие експерти...Исто така и семејните стебла, тука се едно семејно стебло кое што е по вертикала со ДУИ поврзано, друго семејно стебло кое што се родени да бидат функционери и да бидат на грбот на граѓаните е на СДСМ, или е уставен судија или е градоначалник, или е директор, или е во некоја комисија и зема илјадници евра народни пари...

Од владејачката СДСМ пак, велат дека Мицкоски не може да зборува за одговорност бидејки неговата партија не учествува во работната група за уставните измени.

„Прашањето е кога Христијан Мицкоски пред да зборува за било каква одговорност ќе понесе тој морална одговорност што никако не учествува во реализација на стратешките цели“, коментираат од Бихаќка и додаваат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е во паника бидејки имало луѓе од неговите редови што ги поддржуваат уставните измени.

„Се погласни се оние информации дека пратеници па и градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат и се за уставните измени. Оттука потекнуваат сите овие манипулации  за закани, за уцени, нешто што е својствено токму само за ВМРО-ДПМНЕ и сами видовте како ги тераа своите пратеници да потпишуваат нотарски изјави којшто исто беа правно доведени во прашање“, велат од СДСМ.