Мицкоски вели дека е под меѓународен притисок, Ковачевски вели дека не е време за теории на заговор
Власта бара меѓународната заедница да врши притисок врз опозицијата за уставните измени, обвинува првиот човек на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во пресрет на утрешната средба со високиот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, Мицкоски вели дека ќе се разменат аргументи за целиот процес, но ВМРО ДПМНЕ нема да попушти. Уставни измени под бугарски диктат нема да се случат. Би прифатил и нова лидерска средба само ако се разговара за предвремени избори.
А националните и билатерашните прашања ќе се најдаат на маса на средбата меѓу премиерот и високиот американски претставник. За Ковачевски посетата на Ескобар е доказ за поддршката која Македонија ја добива од САД за процесот на европска интеграција.
Министерот за надворешни работи пак во видео обраќање повтори дека договорот со Бугарија не бил дел од преговарачката рамка, а доказ било што немало аргументи против ваквото тврдење.
Посетата на заменик помошникот државен скретар на САД доаѓа откако постапката за менување на Уставот заглави во Собранието без обезбедено двотретинско мнозинство.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
