Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува утре да биде објавено соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна за користење, посочувајќи дека во тек е процесот на хиперхлорирање на водоводната мрежа од страна на екипи на ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје.
Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните активности за изградба на клучката Момин Поток, Мицкоски рече дека резултатите од досегашните анализи се добри и дека состојбата е санирана во краток рок.
- Екипи од Скопје од Водовод се во Гостивар, работат на хиперхлорирање на инсталациите, резултатите се веќе добри, очекувам утре да излезе соопштение дека водата е технички исправна за користење, во рекорден рок од една недела тоа се санираше - изјави Мицкоски.
Тој нагласи дека Владата ги презела сите мерки што се во нејзина надлежност, а за утврдувањето на одговорноста, како што рече, постапува Јавното обвинителство.
- Она кое што е политика на Владата е да испорачува и ние така и ќе продолжиме, целосна одговорност и целосна ингеренција за тоа што се случи во Гостивар е лоцирана од страна на ЈО, понатаму тие ќе продолжат да лоцираат доколку е потребна и нова одговорност да биде лоцирана од страна на државата иако тоа не се наши ингеренции - изјави премиерот.
Во однос на критиките од опозицијата за неисправноста на водата во неколку градови, Мицкоски оцени дека Владата останува фокусирана на решавање на проблемите и обезбедување услуги за граѓаните.
- Го следам процесот и политиките на опозицијата. Честопати се трудам да не ги коментирам, бидејќи нема суштина за коментирање. Мафтаат со извештаи од периодот кога претседателот на СДСМ бил министер за здравство, но тоа е нивна политика. Нивната политика е да конструираат лаги и да шират хистерија. Она кое што е политика на владата е да испорачува и ние така и ќе продолжиме - рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
-

Бизнисот бара, но работници нема
-

СДСМ: Над 2 милиони евра завршиле кај ,,Маратон" и уште една фирма блиска до ВМРО
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
