Мицкоски: Уставни измени нема да има, решение е предвремени избори - Коциќ: Ќе направиме се да ја прибиеме блокада наредните недели
Ниту притисоци, ниту закани, нема цена по која ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за измени на Уставот.
Ден по собраниската седница лидерот на опозицијата вели дека е разобличена лагата дека Мицкоски прифатил уставни измени. Македонија е во политичка криза од која единствен излез се избори на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди конкретно решение за надминување на проблемот
Нема цена по која би ги прифатиле овие уставни измени под бугарски диктат и не треба да се троши време ниту секунда повеќе на ова прашање. Проблемот постои и да мора се најде излез. Или она што поединци најчесто го поставуваат како прашање а што ќе прави ВМРО-ДПМНЕ. Единственото решение, единствениот разумен излез се изборите. Избори на кој народот ќе одлучи врз основа, внимавајте врз основа на конкретни решенија кои ќе ги понудат партиите како понатаму. Нашите црвени линии и нашата борба за гаранции во однос на прашањето со Бугарија се јасни. Ќе понудиме патриотско, компаративно гледано, крајно исправно решение кое ќе ги зачува, заштити и унапреди интересите на Македонија. Но, за да го направиме тоа потребни се прво избори!, вели Мицкоски
Гаранции дека Бугарија и Европската унија ќе го прифатат решението кое ќе го понуди ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вели дека нема, но потенцира дека дел од вината за состојбата во која се наоѓа Македонија има и меѓународната заедница.
Цврстиот став на опозицијата не го намалува оптимизмот кај власта. Од СДСМ и денеска преку прес конференција порачуваат дека и натаму ќе работат на обезбедување поддршка од 80 пратеници.
Но граѓаните треба да знаат дека, неодговорноста и немањето државнички капацитет на ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја одврати, ниту да ја обесхрабри проевропската коалиција предводена од СДСМ. Како одговорна, државотворна партија ќе направиме сѐ за да ја пробиеме блокадата во наредните недели.Се работи за иднината на државата, за иднината на нашите граѓани. Ќе се бориме за европска иднина и ќе победиме затоа што мнозинството македонски граѓани стојат зад членството во ЕУ, вели Коциќ од СДСМ
Вчера почна и заврши собраниската дебата за уставните измени. Седницата е прекината се додека власта не обезбеди двотретинско мнозинство, од кое се уште е многу далеку ако се цени според бројот на пратеници кои гласаа за усвојување на дневниот ред. ЗА оваа точка без точни 70 пратеници, наспроти 47 против.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
