Мицкоски: Според применетите мерки, како држава сме во првите три во Европа, тоа го потврди и ММФ

Ние како Влада дневно ја следиме состојбата и тоа го кажа Меѓународниот монетарен фонд дека како држава сме во првите три во Европа според применетите мерки како процент од бруто-домашниот производ - истакна премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите по Германско-македонскиот самит во Скопје.
Мицкоски посочи дека Владата прави многу повеќе од нашите моментни можности имајќи ја предвид, како што посочи, испразнетата и ограбена државна каса, која е резултат на некои минати времиња.
- Ние како Влада дневно ја следиме состојбата и тоа го кажа Меѓународниот монетарен фонд дека како држава сме во првите три во Европа според применетите мерки како процент од бруто-домашниот производ и добро би било за сè да сме вака во Европа како што сме во мерките, тогаш ние би биле во многу поинаква состојба отколку што сме, но, за жал, не сме. Но ние како Влада правиме многу повеќе од нашите моментни можности имајќи ја предвид испразнетата и ограбена државна каса, која е резултат на некои минати времиња - истакна Мицкоски.
Македонскиот премиер потсети дека инфлацијата во земјата е во рамките на владините очекувања и идентична со државите во регионот.
- Моите очекувања се како што се резултатите во регионот. Бугарија има инфлација од над 6 проценти, еврозоната е над 3 проценти, Хрватска е околу 6 проценти, слично е во Грција, и во рамките од тие 5-6 проценти очекувам да биде годишната инфлација. Минатата година во април имавме велигденска кошничка, основата со која се споредува е таква, но она што е важно е дека основните прехранбени производи на месечната стапка на промена е помала од вкупната инфлација, а најголемите отстапувања се во делот на транспортните услуги, особено билетите за нискобуџетските авиокомпании, очекувам со намалување на цената на нафтата и нафтените деривати и тој дел од пазарот да се смири - нагласи Мицкоски.
Според премиерот Христијан Мицкоски, денешниот самит е додадена вредност во односите меѓу македонската и германската бизнис-заедница и, како што рече, Германија за нас не е само бизнис-партнер, таа е стратешки партнер.
- Ние сакаме да се профилираме како Влада која секогаш е во насока на поддршка на бизнисот и на додадената вредност и тие резултати се гледаат многу јасно во првиот квартал од оваа година, нешто што за нас претставува исклучително и значајно во услови на светски предизвици. Во услови на геополитички предизвици ние успеваме три и пол пати побргу да растеме во делот на извозот отколку во увозот и на тој начин минусот на трговската сметка извоз-увоз, генерално во првиот квартал, споредена со првиот квартал од минатата година, е намален за 55-56 милиони евра, со исклучително поволен месец март, а тоа е потврда на политиките што ги водиме и тоа во услови на најголемата енергетска криза која во последниве 50 години го зафати човештвото. Цениме дека Германија за нас не е само бизнис партнер, таа е стратешки партнер. Германските компании вработуваат илјадници македонски граѓани, тие се солидна поддршка за нашата домашна македонска економија и ние како Влада ќе сториме се да помогнеме во таа насока за да имаме уште поголема билатерална економска соработка која во првиот квартал расте, расте извозот од нашата земја кон Германија и тоа не прави горди, истакна македонскиот премиер Христијан Мицкоски
МИА
Ново на Сител
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
-

Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
-

Од утре променливо време со дожд и грмежи
-

Трошоците на животот во април на годишно ниво зголемени за 5.7 %, а цените на мало за 5.0 %
-

Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-

Мицкоски: Според применетите мерки, како држава сме во првите три во Европа, тоа го потврди и ММФ
-

Раст на БДП од 3,5 отсто во 2026 година и 3,8 отсто во 2027, инфлацијата годинава ќе биде околу 4 проценти
-

На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани
