Мицкоски: Со трговците ќе разговараме директно, без естрада, за зголемените маржи

Владата ќе разговара со трговските синџири кај кои се утврдени неоправдано зголемени маржи, но засега не би сакал да спомнувам имиња, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека разговорите ќе се водат директно и без јавни препукувања.
Одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“ во Општина Бутел, Мицкоски рече дека не сака јавно да ги посочува маркетите пред да се одржат средбите.
-Не би сакал јас сега да спомнувам имиња. Тоа коешто мислам да го кажам, ќе го кажам во четири очи - истакна Мицкоски.
Тој нагласи дека и претходно зборувал за ваквите прашања и дека негов пристап е отворена и директна комуникација со засегнатите страни.
-Во принцип, сум кажал за овие работи, не сакам да правам естрада. Дискутирам отворено, директно, во четири очи. Сакам и од таа страна да ги слушнам аргументите и да ги презентираме нашите наоди - рече премиерот.
Вчера Мицкоски од касарната „Илинден“ рече дека во одредени маркети нотирано е зголемување на бруто маржата споредена со минатата година од 2 до 5 проценти и дека трговците ќе бидат повикани на состанок и јасно ќе им се каже дека тоа е недозволиво.
На денешната прес-конференција не прецизираше за колку трговски синџири станува збор, ниту кога ќе се одржат средбите.
МИА
Ново на Сител
-

Итна седница на Кризниот штаб на Кисела Вода по невремето со обилен дожд
-

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп
-

Невремето предизвика поплави - најпогодени се населбите: Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
