Мицкоски: Се следи состојбата со цените на горивата, мерките остануваат на располагање

Се следи состојбата со цените на горивата, ќе видиме како ќе се одвива, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој напомена дека економските мерки остануваат на располагање, но не кажа дали ќе се активираат.
Како што истакна Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања, Македонија има убедливо најниска цена на горивата и успеа во јуни да има најниско ниво на инфлација од сите држави во регионот.
-Живееме во прилично предизвикувачо време, имаме две сериозни војни. Според последните информации, војната во Залиот повторно се разгорува. За нас е предизвик да имаме навремено и доволно снабдување на граѓаните и бизнисот со енергенси. Обезбедуваме и за луѓе од соседството кои купуваат гориво тука. Статситички, имаме убедливо најниска цена на горивата, бензините и дизелот кои се берзански производи и не зависат од претприемачката логика или од политиката на Владата. Сите од иста берза купуваме, но процесот е како го менаџираме од тој момент, додека го користат граѓаните, Тој сеир ќе го оставам на тие што уште живеат во политчкото мочуриште, како опозицијата и поедини структури кои во Битола се обидуваат од публика да креираат јавно мислење и кои, кога можат да направат нешто, не само што ништо не прават, туку и уназадуваат. Тие секогаш ќе останат маргиналци, потенцира Мицкоски.
Според него, инфлацијата е еден од сегментите што се случуваат во вакви предизвикувачки времиња.
-Во јуни успеавме да имаме најниско ниво споредено со сите држави во регионот. Кај храната е околу 2,5 отсто, кај обувките и облеката околу 2,1 процент или под 3 отсто, до 3,4 проценти контрибуираат тутунот, тутунските производи, алкохолот и транспортните услуги поради високите цени на горивата. Се надевам дека ова во Заивот ќе заврши и ќе можеме да планираме појасно во следниот период, но и да продолжи, ние имаме план и доволно резерви како да одговориме на овој предизвик. Од одредени политички сили ќе се шири бран на негативна енергија и тоа се случува две години - вела ќе банкротираме, но ништо од тоа, финансиски стоиме подбро од кога било, вела и дека мигранти ќе дошле, но мигрант не видовме. Ќе продолжат со лаги, тоа е дел од нивната политичка стратегија, а ние треба да се фокусираме на нашата цел и ќе ја реализираме, битно е да го оставиме срцето на терен, ако го оставиме тогаш резултати ќе има, подвлече премиерот.
Мицкоски, кој беше во посета на фабриката „Кромберг и Шуберт“ и на увид во градежните активности за реконструкција на новата училишна зграда на ООУ „Коле Канински“ во Битола, информира и дека автопатот Прилеп - Битола забрзано се гради. Тој очекува многу скоро и реализација на експресното повзрување на Битола со граничниот премин „Меџитлија“ со што, како што нагласи, максимално ќе се забрза движењето и ќе се растовари градот од метежот.
МИА
Ново на Сител
-

Авионско прскање против комарци утре во Скопје
-

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан", останатите што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето
-

Малолетник се здобил со тешки повреди возејќи тротинет во Гостивар
-

Животните во ЗОО паркот во Штип имаат дополнителна грижа и исхрана на летните температури
-

Земјотрес во Македонија – епицентарот кај Велес
-

Тешка сообраќајка кај село Робово - жена загина откако се судрила со камион
-

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип се затруеле од храна
-

Бомба фрлена кон ресторан во тетовско - двајца повредени
