Мицкоски: Сакаме добри односи со сите соседи, но прво заштита на интересот на државата и на идентитетот

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека како Влада работат темелно и посветено на остварување на целите што ги имаат зацртано во насока на развој на државата и на процесот на нејзина евроинтеграција. Имаат, вели, план и стратегија, на чие остварување работат, без да ветуваат чуда, туку да ги постават работите на здрава основа.
- Ние работиме темелно, посветено, чесно и напорно. Резултатите полека доаѓаат. Тоа што е наша стратегија за реализирање на овие цели полека се остварува. Се разбира дека јавно нема многу да зборувам за деталите. Како човек очекувам да имаме добрососедски односи со сите соседи. Како претседател на Влада, ќе сторам сè што е во наша моќ, прво, да го заштитам интересот на граѓаните, да го заштитам идентитетот и интересот на државата. И, второ, нормално, да градиме добрососедски односи со сите наши соседи врз основа на принципот на двонасочна улица. Затоа што за секоја работа во животот треба најмалку двајца - рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање што може да се очекува од најавените утрешни средби на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот Тимчо Муцински со бугарската претседателка Илијана Јотова.
Не знам која би била евентуалната содржина на средбите, вели премиерот, но, нагласува, Владата има план и стратегија и работи на нивно исполнување.
- Ние чуда никогаш не сме ветиле. Затоа што ние не сме чудотворци. И секој што ветува чуда - лаже, не ја говори вистината пред граѓаните. Ние само ветувавме напорна работа, тоа што и го правиме. Јас знам дека можеби има некои очекувања за некои работи да се случуваат побргу, но ова што денеска го зборувам, го зборував и во кампањата за изборите во 2024 година и ќе го зборувам и понатаму бидејќи мора работите да се постават на здрава основа за генерациите по нас да немаат главоболки какви што ние имаме - рече Мицкоски во одговор на новинарски прашања по поставување камен-темелник на училиште во Ѓорче Петров.
МИА
Ново на Сител
-

Историски успех во македонското здравство, робот оперираше пациент со карцином на простата
-

Намален наталитетот, повеќе се раѓаат машки деца
-

Кривична пријава за странски сопственик на правно лице за злоупотреба на постапка за јавен повик
-

Судење за „Пулс“: Обвинителството презентира докази за Рубикон - агенцијата што ја обезбедуваше опожарената диксотека
-

Инфантино: Доколку ФИФА ги продадеше билетите за СП по пониска цена, тие ќе завршеа на црниот пазар
-

СП 2026: Властите на Мексико ќе распоредат 1.700 полицајци на денот на отворањето
-

Роналдо најплатен на СП
-

Акциска сообраќајна контрола во Сарај и Ѓорче Петров во Скопје, изречени 156 санкции, уапсени две лица
