Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4 отсто е индикатор дека состојбата е стабилизирана

Растот на индустриското производство во вториот квартал од 3,4 отсто е индикатор дека состојбата е стабилизирана и конечно стигнуваат позитивни вести, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Според него, растот од околу 3,4 отсто во вториот квартал е индикатор дека по 25-26 месеци од оваа Влада состојбата е конечно стабилизирана и дека во оваа насока треба да се продолжи и во периодот што следи.
- Индустриското производство во овие услови е исклучително значаен податок и неговиот раст, посебно во вториот квартал кој што е над 3 отсто мислам дека е околу 3,4 отсто, но уште повеќе радува фактот што преработувачката индустрија расте. Значи, не се темели на услуги или на нешто друго, туку имаме раст на преработувачката индустрија. Ова се први индикатори кои велат дека по овие 24, 25, 26 месеци од оваа Влада, конечно стигнуваат позитивни вести, односно да се изразам попрецизно, конечно е стабилизирана состојбата која ќе треба да продолжиме да ја развиваме и да ја растеме. Во периодот што следи очекувам и тоа да се случи, нагласи Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на Градскиот воз.
МИА
Ново на Сител
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
-

Тошковски: „Мазут“ ќе ја фрапира јавноста
-

Даниела Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува новата учебна година за околу 238.000 ученици
-

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината
-

Стартува новата учебна година во Охрид
-

Во Прилеп се запишаа 510 првачиња, 5.600 ученици има во основното, а 2.800 во средното образование
