Мицкоски: Порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега обезбедивме по 7.000 денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека со политиките за зголемување на пензиите на Владата е овозможен подостоинствен живот за пензионерите во споредба со тоа како било претходно.
Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Неготино за тоа како го коментира растот на пензиите во последниот период, истакна дека уште кога биле опозиција, јасно ветиле дека ќе сторат сè што може во нивниот мандат за почеток да обезбедат линеарно зголемување од пет илјади денари за сите пензионери.
- Ние отидовме чекор понапред, обезбедивме седум илјади денари линеарно зголемување - рече Мицкоски и додаде дека СДСМ и лица блиски до партијата се обиделе ова да го оспорат пред Уставниот суд и да ја испитаат уставноста на ова решение.
- Но она што за нас е важно е дека на голема група наши граѓани пензионери, со ова, би рекол, незначително линарно зголемување од седум илјади денари, во едно семејство, во кое да речеме имаме двајца пензионери, тоа се 14 илјади денари плус, колку-толку успеавме да им го направиме подостоинствен нивниот живот во споредба со тоа како беше претходно - рече Мицкоски.
Премиерот изјави дека порано пензиите се зголемувале по десет, 15, 20 денари, а сега, како што рече, со овие седум илјади денари од пензионер колку-толку успеале малку да ги санираат предизвиците со кои се соочува оваа категорија граѓани.
МИА
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
