Мицкоски: Очекувам бензините да поевтинат за 2,5 до 3 денари, а дизелот за 7

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува бензините да поевтинат за 2,5 до 3 денари, а дизелот за 7 денари, но оти конечната одлуката е на Регулаторната комисија за енергетика.
На новинарско прашање дали се очекува стабилизација на цените на бензините по мировните преговори меѓу САД и Иран и откако низ Ормускиот теснец веќе поминаа 55 бродови, Мицкоски посочи очекува во периодов цената да се движи околу 80 долари за барел.
- Бројката од 55 танкери не е нешто драматично имајќи предвид дека дневно била трицифрена. Имајте предвид дека овие танкери додека да стигнат до конечните дестинации ќе поминат можеби еден месец, а можеби и повеќе, 25 до 35 дена. Така што, очекувам во периодов цената да се движи околу 80 долари за барел, отприлика тука некаде, плус-минус некој долар. Јас стојам на ставот, нашите математики се тие, треба да ги видиме математиките на Регулаторната комисија, но очекувам поевтинување на бензините од 2,5 - 3 денари и околу 7 денари на дизелот. Но, да почекаме регулаторот, изјави Мицкоски, по учеството на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите - ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board).
МИА
Ново на Сител
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Трамп размислува за ограничени напади врз Иран
-

Полицијата во Њујорк застрела жена која претходно со ножеви нападнала две лица на „Тајмс сквер“
-

Русинот осомничен за тројно убиство во Црна Гора по кратка престрелка со полицијата се самоуби
-

Сончево и топло, температура до 37 Целзиусови степени
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
