Мицкоски: Модернизиран охридскиот аеродром, подобрени услуги за патниците

Со инвестиција од 2,7 милиони евра модернизиран е аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, којшто, доби реконструиран патничкиот терминал, со зголемен број шалтери, проширени чек-ин простор, зони за безбедносна контрола и рачен багаж, реорганизиран паркинг, современа опрема и технологија за побезбедно и поефикасно опслужување на патниците.
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на пуштањето во употреба на модернизираниот дел од аеродромот, оцени дека со преземените активности значително е подобрен квалитетот на услугите на аеродромот.
- Со ова охридскиот аеродром добива поинаква динамика, поинакво светло поинаков квалитет и убеден сум дека во периодот којшто следи бројот на патниците, но и бројот на компаниите коишто ги користат услугите на охридскиот аеродром ќе се зголемува. Оваа година се бележат рекорди на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Имаме ден со најголем број патници досега во историјата — повеќе од 3.000. А исто така има и денови кога имаме повеќе од 20 полетувања, што исто така претставува само по себе еден значаен податок којшто е за почит. Убеден дека во периодот којшто претстои со сите градежни активности и поддршката којашто ја даваме како Влада, овие бројки ќе се дуплираат, ќе се триплираат и ќе дојдеме до бројки коишто претставуваат наш нов таргет, рече Мицкоски.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потенцираше дека по напорна работа, се отвора практично нов аеродром - терминална зграда, заедно со помошни простории, коишто, потенцираше, значат многу, многу подобро искуство за патниците споредено со претходно.
Николоски, потсети дека последните големи интервенции на аеродормот се направени во 1970 година и оти сега бројките за развојот на аеродормите се многу над очекувањата и ги рушат сите рекорди. - Охридскиот аеродром само од јануари до јуни оваа година има над 240.000 патници, а двата аеродроми оваа година заедно ќе се приближат до 4 милиони, нешто што беше незамисливо за нашите аеродроми, и ќе продолжиме да растеме - рече Николоски.
Тој потенцира дека интензивно се работи на изградбата на автопатот Охрид - Кичево, од кој делот до аеродромот е завршен. - Најтешката делница ќе се отвори во следните месеци. Очекувам во текот на првото полугодие од следната година да се отвори целиот автопат, а секако продолжуваме и на работа на останатите делници коишто треба да значат поврзување и со Скопје и со скопскиот аеродром - најави Николоски.
Серкан Каптан, извршен директор на ТАВ Македонија, истакна дека инвестирале 2,7 милиони евра во унапредување на инфраструктурата и подобрување на искуството на патниците, партнерите и вработените.
Проектот е реализиран без прекин на тековното работење на аеродромот.
Каптан посочи дека досега, во македонските аеродроми инвестирале речиси 300 милиони евра.
- Во овој период, ја зголемивме поврзаноста и годишниот сообраќај за повеќе од четири пати. Во 2026 година, македонските аеродроми се меѓу најбрзорастечките аеродроми во Европа. Постигнавме раст од речиси 30 проценти во споредба со претходната година. Охридскиот аеродром го забележа најуспешниот јули во својата историја, поставувајќи нови рекорди и во бројот на патници и во бројот на реализирани летови - рече Каптан.
МИА
Ново на Сител
-

Пуштање во употреба на реконструираниот аеродром во Охрид, ќе присуствуваат премиерот Мицкоски и вицепремиерот Николоски
-

Македонија одбележува 35 години независност
-

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
-

Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
-

Србија на чекор до избори; Студентите со порака до Вучиќ - Претседателе, конечно си надлежен
-

Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум
