Македонија
2. August 2026 - 18:58

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со генералниот секретар на партијата Драган Ковачки и со заменик-министерот за правда Ален Деребан положи цвеќе пред спомен-обележјето на хероите од илинденската епопеја во село Ташмаруништа.

-Илинден не е само спомен на славното минато, туку и трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина. Со благодарност кон хероите и со почит кон нивното дело, го продолжуваме патот со одговорност, единство и љубов кон Македонија, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.

Во објавата, премиерот посочува дека денес им се оддава почит на илинденците и на сите кои со својата жртва ги вградија темелите на македонската државност и слобода.

И заменик-министерот за правда со порака да не се заборават сите оние кои го трасирале патот по кој денес чекориме.

-Никогаш да не се заборави дека нашиот пат е трасиран од генерации јунаци кои со крв ја обележале патеката по која чекориме и од која никогаш и за ништо нема да отстапиме ниту педа, се вели во објавата.

 

МИА

Ново на Сител