Мицкоски: Еврокомесарката Кос ќе престојува во земјава во рамките на редовната обиколка на регионот

Еврокомесарката за добрососедска политика и проширување Марта Кос ќе престојува во земјава во рамките на редовната обиколка на регионот, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоси во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на Домот за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден.
Тоа, како што рече, е една од редовните посети на сите европски политичари на земјава.
-Според опозицијата Владата била изолирана, а како таква изолирана јас во рок од два месеци остварив билатерлна средба со турскиот претседател, со франциускиот претседател и со германскиот канцелар. На билатерална посета беше хрватскиот премиер, јас бев на билатерална посета со австрискиот канцелар и беше претседателот на Европскиот совет тука во Скопје, се тоа за само два месеца. Сега ќе дојде и комесарката за добрососедска политика и проширување Марта Кос на редовна обиколка на регионот, прецизира Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
