Мицкоски: Цените на основните прехранбени производи треба да се намалат, оправдување и изговори не прифаќам, во спротивно ќе преземеме мерки

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска во Владата ќе има состанок со сите дистрибутери, трговци и маркети и како што рече ќе им упати порака оти кризата завршува и дека граѓаните биле толерантни, поради што, како што истакна, сега е на ред тие да им се одолжат и ги намалат цените на производите, посебно основните прехранбени производи. Додаде дека нема да прифати никакво оправување за да не постапат така како што се очекува од нив.
- Па, денеска имаме во во Владата состанок со сите дистрибутери, трговци и маркети и мојата порака ќе биде јасна. Завршува кризата, граѓаните беа толерантни, сега е на ред тие да им се одолжат на на граѓаните и веднаш да пристапат кон намалување на цените на на производите, посебно основните прехранбени производи. Тоа го очекувам од нив. И исто така ние како Влада имаме механизми, доколку тоа не се случи, на еден поинаков начин да го спроведеме. Оправдување и изговори не прифаќам, од типот „не ни ги качиле, не ни ги намалиле цените“ и слично. Доколку не се види реакција од страна на маркетите, дистрибутерите и производителите во следните денови, тогаш ние како Влада ќе реагираме, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по учеството на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите - ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board).
Тој не можеше да каже колкаво наланување на цените очекува и каде најмногу ќе има намалување, но истакна оти тоа треба да се случи.
- Јас не би можел да кажам колкаво и каде најмногу, само кажувам дека основните прехранбени производи потребно е да претрпат корекција бидејќи граѓаните беа толерантни до сега, сега е време тие да се одолжат на на граѓаните. И ќе направиме некои споредби какви се цените во регионот, какви се цените кај нас за некои од основните прехранбени производи и во одредени маркети, ако треба, и по име и по презиме од утре јавно ќе ги објавуваме ние, па понатаму оставаме на нив, истакна премиерот во одговор на прашањето што очекува од денешниот состанок.
МИА
Ново на Сител
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
-

Пехчево: Го затекнала сопругот со 68-годишна жена и ја нападнала, а подоцна тој физички ја нападнал неа
-

Браќа меѓусебно се пријавиле во полиција по физичка пресметка во демиркаписко
-

Жена со тротинет удрила велосипедистка во Скопје и избегала
