Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја повика Бугарија да го испорача Симеон Михаилов, кој во Македонија е осуден на 12 и пол години затвор во случајот „Детонатор“ и по кого е распишана меѓународна потерница.
Михаилов завчера се појави во живо во вестите на бугарските медиуми за време на протест пред зградата на македонската амбасада.
Во меѓувреме, против неговата ќерка Ива Михаилова во Кочани се води судска постапка во која таа е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици. Судот ѝ има определено мерка со која не смее да ја напушти Македонија до завршувањето на постапката, додека таа тврди дека треба да замине на лекување во Бугарија.
Мицкоски порача дека очекува бугарските власти да постапат согласно партнерските односи меѓу двете земји во рамките на НАТО.
„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството. Ние сме партнери со источниот сосед во рамките на НАТО. Очекуваме луѓето кои се бараат со потерница, кои направиле некакво кривично дело, да ги испорачаат, во духот на партнерството, за да се соочат со законот и со правдата“, изјави Мицкоски.
Ново на Сител
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
-

Тошковски: „Мазут“ ќе ја фрапира јавноста
-

Даниела Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува новата учебна година за околу 238.000 ученици
-

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината
-

Стартува новата учебна година во Охрид
-

Во Прилеп се запишаа 510 првачиња, 5.600 ученици има во основното, а 2.800 во средното образование
