Loading Video...
Фудбал
10. August 2021 - 17:36

Меси во Париз пречекан од илјадници навивачи на ПСЖ

Само два дена по емотивното простување од Барселона во која мина 21 година, Лионел Меси веќе е во Париз. 
 
Тој попладнево треба формално да ги мине лекарските прегледи и да стави потпис на договорот со новиот клуб ПСЖ. 
 
Уште на парискиот аеродром, потоа пред „Паркот на Пинцовите“, но особено административната зграда на „Светците“, Лионел Меси беше пречекан од илјадници фанови на францускиот клуб.
 
Според засега неофицијалните и непотврдени информации, 34-годишниот Аргентинец, треба да стави потпис на две годишен договор според кој неговата плата би требало да изнесува неверојатни 50 милиони евра по сезона, разбирливо и дополнителни бонуси и премии. 
 
Извори блиски на клубот информираат дека официјалното потпишување на договорот треба да се случи на Ајфеловата кула, која веќе од ПСЖ ја закупиле за еден ден.  
 
Затоа пак во Барселона отстранет е неговиот лик од клупскиот плакат кој се наоѓаше на стадионот