Loading Video...
Фудбал
4. February 2021 - 17:22

Мексиканскиот тим Тигрес обезледи полуфинале на Светското клупско фудбалско првенство

Во Катар, попладнево започнаа натпреварите на Светското фудбалско клупско првенство.  Во првиот четвртфинален дуел, мексиканскиот тим Тигрес со 2-1 со победи претставникот на Јужна Кореја, Улсан Хјундау,
 
Азискиот шампион поведе со голот на Ким Ки-Хи во 25.минута. 
 
Израмнувањето стигна со 38-минута кога по корнерот од десната страна на вистинското место се најде Жињак. Истиот фудбалер во финишот на првиот дел го постигна и вториот гол, откако по прегледувањето на ВАР снимката беше досуден пенал за мексиканскиот тим. 
 
Во полуфиналето закажано за 7.февруари Тигрес ќе игра против Палмеирас, освојувачот на јужноамериканскиот Копа Либертадорес. 
 
Вториот полуфинален меч во кој гарантирано место има европскиот шампион минхенски Баерн ќе се игра на 8 февруари, а противник на германскиот клуб ќе биде подобриот од четвртфиналниот меч меѓу домаќинот Ал-Духаил и египетскиот тим Ал-Ахли.
 
Натпреварот за трето место и финале ќе се играат на 11 февруари.