Мекдоналдс ја повлече продажбата на „квартер пондер“ хамбургери во САД

Синџирот за брза храна Мекдоналдс ја повлече продажбата на хамбургери „квартер пондер“ во една петтина од своите ресторани во Соединетите Американски Држави, откако почна зараза со ешерихија коли, од која по конзумирањето на тој хамбургер се разболеа речиси 50 луѓе во 10 земји, а една жена почина.
Портпаролот на Мекдоналдс изјави дека синџирот за брза храна продал околу еден милион од тие хамбургери во временската рамка кога се појавила болеста, објави Си-Би-Ес Њуз.
Американските центри за контрола и превенција на болести во вторникот констатираа дека бургерите се поврзани со заразата која е забележана во Колорадо, Небраска и други држави.
Повеќето од оние кои се разболеле пријавиле дека јаделе таков хамбургер од тој ресторан, а инспекторите работат на тоа да потврдат која состојка на храната била контаминирана.
Мекдоналдс соопшти дека неговите хамбургери се готват на 175 степени, над нивото од 160 степени потребно за да се убие бактеријата ешерихија коли.
Главниот директор на синџирот за снабдување во Северна Америка, Цезар Пиња, рече дека првичната истрага на компанијата сугерира дека некои од болестите на ешерихија коли може да се поврзани со исечениот кромид што се користи во хамбургерите.
Мекдоналдс го отстрани исечениот кромид и говедското месо од од овие сендвичи во Колорадо, Канзас, Јута, Вајоминг и делови од Ајдахо, Ајова, Мисури, Монтана, Небраска, Невада, Ново Мексико и Оклахома.
Ново на Сител
-

Прелиминарни резултати од полагањето државна матура во август
-

Ден на жалост во Киев - најмалку 12 загинати во нов руски напад
-

Од патарина за пет месеци инкасирани над 31 милиони евра
-

Поради украинските напади врз рафинериите, Русија принудена да увезува горива
-

Во Грција досега регистрирани 157 случаи на вирусот Западен Нил, починаа 13 лица
-

Кривичнa за четири лица од Прилеп, го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари
-

Водата во Северното Море со рекордно висока температура од 21,5 степени
-

Активни пожарите во Мариовско и општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила
