Меган Фокс и Брајан Остин Грин се разделија по 10 години брак
Меган Фокс и Брајан Остин Грин, по 10 години брак и уште шест години врска пред тоа, се разделија. Тоа го објави Грин во неговата интернет-емисија.
– Јас секогаш ќе ја сакам. Знам дека и таа секогаш ќе ме сака мене, а тоа што го градевме со години, е навистина посебно, изјави глумецот во емисијата.
Тој натаму нагласи дека со Меган сè уште се гледаат заради семејните празници и дека цврстата врска меѓу нив е од витално значење за нивните деца. Гласините за разделбата започнаа откако Меган беше видена со колегата од филмот „Machine Gun“ („Автоматски пиштол“) – Колсон Бејкер. Но, ѕвездата од „Трансформери“ тогаш рече дека тој ѝ е само пријател.
Брајан и Меган се запознале на сетот на „Hope & Faith“ („Надеж и верба“), а почнале да се дружат во 2004 година. Двојката тогаш беше мета на критики затоа што Фокс имаше 18 години, а Брајан – 30 години.
Ова не е прва нивна разделба. Откако се венчаа 2010 година, Фокс поднесе барање за развод во 2015 година. Една година подоцна, тие се смирија, сѐ досега, до емисијата на Грин.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
