Мбапе за неговиот 100. настап за Франција: Ништо не е поважно од националниот тим

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ги сподели своите мисли за натпреварот против Ирак во второто коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година, што би можело да биде неговиот 100. настап за националниот тим.
– Секогаш е убаво да се има можност да се игра за репрезентацијата. Ништо не е поважно од репрезентацијата. 100-тиот натпревар е историски настан. Особено кога е Светското првенство. Дали ќе можам да влезам во историјата како најголем играч во историјата на Светските првенства? Тоа е дебата за луѓето. Тоа е дебата за новинарите, дебата за фудбалските фанови. Мислам дека е добро да се дебатира за играчите. Да се види кој е најдобар. За мене, тоа не е прашање што ми е на ум. Станува збор само за тоа како можам да му помогнам на мојата репрезентација против Ирак и дали можам да го донесам трофејот дома во јули, рече 27-годишниот Мбапе на прес-конференција.
Во 99 натпревари за француската репрезентација, Мбапе постигна 58 гола и имаше 40 асистенции.
Франција ќе се соочи со Ирак вечер од 23 часот во Филаделфија.
МИА
Ново на Сител
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
-

Се одбележаа 25 години од масакрот на Карпалак кога загинаа 10-мина прилепчани
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за младите од Ново Село, СДММ бара одговорност за откривање службена тајна
-

Зеленски во официјална посета на Србија
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
