Мбапе се запиша во историјата на Реал Мадрид

Килијан Мбапе испиша историја во дресот на Реал Мадрид. Кралскиот клуб направи пресврт против Мајорка во среда навечер, во 36-то коло од шпанското првенство, и ја одложи прославата на титулата на Барселона за најмалку 24 часа, а францускиот напаѓач го постигна првиот од двата гола на домашниот тим.
Мбапе е во одлична форма на крајот од сезоната, постигнувајќи шест гола во последните три лигашки натпревари (три во „Ел Класико“) и сега има 40 гола во сите натпреварувања во сезоната 2024-25.
Мбапе е првиот играч во историјата на славниот мадридски клуб кој постигнал 40 гола во својата дебитантска сезона. Во историјата на славниот клуб се запишани имињата на Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Руд ван Нистелрој, Пушкаш, Ди Стефано… но Французинот успеа да ги засени сите.
На пример, Роналдо постигна 33 гола во својата прва сезона (2009-10).
Французинот дојде во Мадрид како слободен агент минатото лето од ПСЖ, а претходно играше за Монако.
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
