Мбапе ја напушти репрезентацијата и се врати во Мадрид

По победата од 1:0 над Турција во Лигата на нации, прес-службата на француската репрезентација официјално објави дека капитенот Килијан Мбапе ќе го напушти националниот тим поради повреда.
– Килијан Мбапе заработи повреда на коленото за време на победничкиот шут. Тој има повреда на тетивата, што ќе го спречи да учествува во преостанатите натпревари на репрезентацијата овој период. Му посакуваме на Килијан брзо закрепнување, се вели во соопштението.
Дваесет и седумгодишниот Французин постигна гол против Турција во 54. минута, но беше заменет од Дезире Дуаи пет минути подоцна поради повреда.
Во второто коло од Лигата на нации, Франција ќе игра против Белгија, додека Турција ќе се соочи со Италија. И двата натпревари ќе се играат на 28 септември.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени 13 лица во акцијата „Филтер“
-

СДСМ: Мицкоски нема официјални средби во Њујрок
-

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја продлабочува соработката со САД
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Бизнисот чека крај на кризата на Блискиот Исток
-

Педесет проценти од пиперките скапаа по нивите, сега цената се покачи, земјоделците очекуваат да остане така
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Преглед на вестите од светот
