-->
-->
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо за голови постигнати за Реал Мадрид во една календарска година
-->

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе постигна гол во победата на Реал Мадрид од 2:0 против Севилја на домашен терен, во рамки на 17. коло од Ла Лига.
Со овој погодок, Мбапе стигна до бројката од 59 голови за Реал Мадрид во 2025 година, со што го израмни рекордот поставен од Кристијано Роналдо во 2013 година.
Во сезоната 2025/26, францускиот ас има постигнато 29 голови и четири асистенции на 24 настапи во сите натпреварувања за „кралскиот клуб“. Неговиот договор со Реал Мадрид важи до 30 јуни 2029 година.
Мбапе во моментов е лидер на листата на стрелци во шпанското првенство со 18 постигнати голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
