-->
-->
Марко Митев успешно опериран, враќање за шест месеци
-->

Македонскиот ракометен репрезентативец Марко Митев, вчера беше успешно опериран по тешката повреда на коленото здобиена на натпреварот со Словенија во квалификациите за Европското првенство 2026.
Митев на 16 март во Копер ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено и предвреме ја заврши сезоната.
На еден од најдобрите македонски ракометари му претстои период на рехабилитација. Неговото враќање на терените се очекува за пет до шест месеци.
Отсуството од терените на Митев е голем хендикеп како за неговиот клуб алкалоид, така и за македонската репрезентација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
