Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата

Македонскиот фудбалски репрезентативец Јован Манев, кој е роден во Кочани, во емотивно обраќање денеска рече дека двата претстојни натпревари во мундијалските квалификации доаѓаат во тешки денови за него лично и за целата нација, откако 59 лица загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“.
„Загубивме многу блиски пријатели, но знам дека тие би сакале да продолжиме да се бориме за нашата земја и за репрезентација. Ќе ми фалат секогаш, никогаш нема да бидат заборавени и доколку ми се укаже шанса заедно со моите колеги, ќе го дадеме максимумот во чест на сите нив“, порача Манев во изјава за ФФМ.
Македонската репрезентација в сабота му гостува на Лихтенштајн во Вадуз по што идниот вторник во Скопје ќе го пречека Велс во двата воведни натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.
„Ова е шанса да покажеме карактер и сплотеност, сите заедно да постигнеме резултати, најпрво за сите оние кои го загубија животот“, изјави Манев.
Ново на Сител
-

Докторот на репрезентацијата на Данска кажа за состојбата на Ериксен откако ја изгубил свеста
-

Флорентино Перез останува претседател на Реал
-

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4.8 %, а цените на мало за 5.6 %
-

До четврток претпладне сончево, попладне со услови за локален дожд
-

Уапсен косовец, превезувал брендирана стока без документација
-

Истражување: ГЛП-1 лековите за слабеење го намалуваат ризикот од рак за 41 отсто
-

Зеленски ја променил рутата на патување кон Европа поради тензии со Полска
-

Туристи плаќале до 20 евра за влез во Куклите во Кратово, гакораѓаните реагираат за незаконска наплата
