Loading Video...
Фудбал
29. April 2021 - 15:45

Манчестер Сити на чекор до финалето во ЛШ

 
Манчестер Сити направи голем исчекор кон пласман во финалето на фудбалската Лига на шампиони. 
 
Популарните „Граѓани“ забележаа победа со 2:1 на гостувањето против ПСЖ во првиот полуфинален меч со што се стекнаа со голема предност пред реваншот во Англија, 
 
На дуелот одигран на „Паркот на принцовите“ домаќините беа оние кои доминираа во првиот дел, а како резултат на таквата игра дојде и голот на капитенот Маркоњос во 15 минута. 
 
Сепак во вториот дел сосема поинаква слика. Гостите од Манчестер израмнија преку Де Бруине со голот постигнат во 64 минута, а победничкиот гол за Сити го постигна Марез во 71.минута. 
 
Токму овие две екипи ќе го дадат првиот финалист, бидејќи реванш дуелот во Манчестер е закажан за вторник (4 мај), а ден подоцна во Лондон ќе играат Челзи и Реал дуел кој ќе започне со резултат 1:1 од првата средба во Мадрд.