Loading Video...
Фудбал
28. August 2021 - 16:53
Манчестер Сити го демолира Арсенал со убедливи 5-0
Актуелниот англиски шампион Манчестер Сити ја продолжи агонијата на Арсенал на стартот на новата сезона, па на „топџиите“ им го нанесе третиот пораз во исто толку одиграни натпревари.
„Граѓаните“ триумфот го најавија уште во првиот дел кој го добоја со 3:0, со головите на Гундоган уште во 7-мата, Торес во 12-тата и Жезус 43-тата минута, , а згора натоа имаа и играч повеќе откако Џака во 35-минута доби директен црвен картон.
Во вториот дел Родри во 53-тата беше стрелец на четвртиот гол, а петиот за Сити воедно и свој втор на мечот го постигна Топрес во 84-минута.
По овој дебакл, Арсенал е на дното на табелата со дури девет примени голови досега и ниту еден постигнат
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
