-->
-->
Малолетник се здобил со тешки повреди возејќи тротинет во Гостивар
-->

Малолетник се здобил со повреди откако возејќи електричен тротинет се судрил со патнички автомобил во Гостивар. Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека незгодата се случила вчера околу 19 часот.
- На 08.07.2026 во 19:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата од ул.„Живко Брајкоски“ со ул.„Ристо Оџаклиески“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,пежо“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од А.Т.(58) од Гостивар и електричен тротинет, управуван од 15-годишен малолетник од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар, информира МВР.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
-

Угостителите на удар од инспекторите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
