Loading Video...
Фудбал
19. August 2021 - 11:43
Максимален ефект на домаќините во трите средби во Лигата на шампионите
Во фудбалската Лига на шампиони комплетирана е првата половина од плејофот, односно дуелите по кои ќе ги дознаеме последните патници во групната фаза на елитното натпреварување.
Сите три натпревари кои се одиграа синоќа во плејофот за Лигата на шампионите завршија со поебди на домаќините.
Во дербито, Бенфика славеше победа над ПСВ со 2:1
Португалскиот тим предноста ја стекна во првото полувреме со головите на Сивла во 10-та и Германецот, Јулијан Вајгл во 40-тата минута.
Иако гостите од Холандија по само шест минути игра во вториот дел, со погодокот на Гакпо намалија на 2:1, сепак до крајот на мечот не успеаја да стигнат до израмнување, па Бенфика на ревашот во Ајндховен ќе патува со гол предност.
Супер интересен натпревар одиграа швајцарскиот Јанг Бојс и унгарскиот Ференцварош по кој домажините се радуваа на победа со 3-2.
Иако гостите поведоа во 14-минута со голот на Боли, само две минути подоцна Елиа израмни на 1-1.
Во 25-тата швајцарците останаа со играч помалку откако Хефит заработи црвен цартон, по што беше досуден пенал, кој гостите не успеаја да го материјализираат.
Во 40-тата минута на спротивната страна Сиеро им донесе предност на домаќините.
Во вториот дел по еден гол на обете страни, за Јанг Бојс погоди Гарсија (65), а Боли со својот втор гол (82-минута) само го ублажи поразот.
Убава предност од 2:0 остварија фудбалерите на Малме кои со головите на Бирманчевиќ (26) и Бергет (61-минута) го победија бугарскиот Лудогорец.
Реванш дуелите од плејофот на програмата се следниот вторник и среда, по што ќе бидат познати и сите екипи кои ќе играат во групната фаза на Лигата на шампионите.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
