Максим Димитриевски до СДСМ: Внимавајте да не ви се јави и ЗНАМ 3.0 !

Довербата кај граѓаните се гради со работа и резултати, а се потврдува со отчетност и преземање одговорност.
Токму на тие принципи, Движењето ЗНАМ го темели своето дејствување, порача претседателот Максим Димитриевски на настанот посветен на отчетот на избраните и именуваните функционери од редовите на ЗНАМ во Скопје.
Димитриевски истакна дека ЗНАМ не е реприза на политичките модели што граѓаните веќе ги имаат видено и дека секој еден функционер мора да биде свесен дека функцијата е доверена од граѓаните и подлежи на нивна оценка.
„Секој еден функционер од ЗНАМ, почнувајќи од сите вас овде во салата, завршувајќи до мене – секој еден е менлив. Граѓаните даваат и граѓаните земаат власт. Но, притоа ЗНАМ не смее да биде една реприза од она што е веќе видено во Македонија.“ - истакна тој.
Осврнувајќи се на обвинувањата од страна на СДСМ, Димитриевски упатувајќи им директна порака, порача дека Движењето ЗНАМ нема да дозволи обидите за политички пресметки да го променат начинот на кој движењето ја гради довербата со граѓаните.
„Се јавил ЗНАМ 1, па сега и ЗНАМ 2.0, па обвинуваат за наводни афери. Во ЗНАМ афери нема. Нас не краси чесност, отчетност, одговорност и транспарентност. И ние сме различни од сите нив останати. Но, притоа ќе им кажам да
внимаваат да не им се јави и ЗНАМ 3.0. Но, на крајот на денот, еден е ЗНАМ – Движење ЗНАМ за НАША МАКЕДОНИЈА и
еден ден ќе биде ЗНАМ политичка партија која ќе преземе одговорност да ја води државата.“ - порача Димитриевски.
Отчетот на избраните и именуваните функционери од редовите на ЗНАМ продолжува во повеќе градови низ Македонија до крајот на годината, како дел од континуираниот процес на претставување на сработеното и резултатите од работењето на функционерите на Движењето во изминатите две години.
Центар за комуникации и аналитика на ЗНАМ
МИА
Ново на Сител
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
-

МВР: Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
-

Системот за интернет гласање во Москва погоден од кибернапад на вториот ден од парламентарните избори
-

Утре наместа нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Јамал: Го следам Реал, но секогаш сакам да губат
-

Полска ги крена борбените авиони поради руските напади врз Украина
-

Путин: Европските лидери ги користат Украинците како топовско месо
