-->
-->
Македонските одбојкари ќе играат во Златната лига, одбојкарките во Сребрената лига
-->

Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија донесе одлука да достави апликација до Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) за учество во изданието во 2025 година.
Машката одбојкарска сениорска репрезентација на Македонија трета година во низа ќе биде дел од силното континентално натпреварување, Златната европска лига.
Извршниот одбор на Федерацијата даде „зелено светло“ и за учество на женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија во рамките од ЦЕВ Сребрената европска лига 2025.
Нашите најдобри одбојкарки втор пат во својата историја ќе бидат дел од ова натпреварување, откако претходно дебитираа во изданието во 2023 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Срамни обиди за рехабилитација на осудените за 27 април
-

Стартува реконструкцијата на Универзална сала
-

Државата се дигитализира, но не сите со исто темпо
-

Дојран ја подготвува првата инклузивна плaжа во државата
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
