Македонските кикбоксери со 20 медали од Европскиот куп „Балкан опен“ во Тешањ - Босна и Херцеговина

„Сакам да укажам дека и покрај цела година уназад недобивање на никакви средства од страна на нашето министерство за спорт македонските кикбоксери континуирано се наоѓаат на врвот на мегународната сцена и се најмасовен и најтрофеен спорт во нашата земја Македонските кикбоксери освоија 20 медали – 9 златни, 6 сребрени и 5 бронзени на Европскиот куп „Балкан опен“ во Тешањ, Босна и Херцеговина, изјави Дејан Митровски Урко.
Со овакви факти без разлика дали некој сака да признае или не опструира и не гуши повторно тврдам дека кикбоксот е наш национален спорт број 1 во нашата земја со кој сите ние треба да се гордееме, а не да хејтаме“, изјави претседстелот на Македонската кикбокс маитаи федерација кој воедно го предводи и кикбоксот на Балканот како претседател и на Балканската кикбокс федерација, со што и на Балканот со неговото наименување се издигна кикбоксот на завидно ниво.
Нокаутерите на ова првенство кој се издвоија од останатите учесници на првенството во ринг дисциплините се:
- Максим Митросвки,
- Лука Кипровски
- Силвио Мировски борбите ги добија сите тројца со нокаути во вторите рунди.
- Петре Велков ја продолжува успешната серија на златни медали. Помеѓу младите надежи Треба да се истакне
- Милан Нешковски кој во рингот извојува три победи со резултати од сите борби со 3:0 и е нов најголем потенцијал мегу младите спортисти.
На татами дисциплините добри борби прикажаа и:
- Јован Јанковски
- Љупче Атанасов
- Дамјана Пеовска
- Рахим Вејсиловиќ праќаат порака дека може да се смета на нив.
Кик бокс клубот Шампион каде тренер е Дејан Митровски Урко го освои пехарот и е прогласен за најдобар клуб во ринг дисциплините со 4 медали – 3 златни и 1 сребрен
Злато освоија :
- Максим Митросвки -75 кг сениори, К1, кбк Шампион
- Лука Кипровски -91 кг сениори, К1, кбк Шампион
- Милан Нешевски -75кг, постари јуниори, лоу кик, кбк Шампион
- Петре Велков -67 кг сениори, К1, кбк арена - Силвио Мировски -71 кг сениори, лоу кик, кбк Гладијатор Скопје
- Љупче Атанасов -57 кг, јуниори, кик лајт, Будо Квадарци
- Рахим Вејсиловиќ -42 кг помлади кадети, лајт контакт, Будо Велес
- Јован Јанковски -47 кг постари кадети, кик лајт, Гладијатор фајт
- Дамјана Пеовска -70 кг сениори, кик лајт, Самурај
Сребрени медали освоија :
- Кристина Спиркоска -56 кг сениори, лоу кик, Шампион
- Димитар Илиевски -42 кг помлади кадети, лајт контакт, Будо Велес
- Мартина Настова -70 кг сениори, лајт контакт, Будо Велес
- Мартина Настова -70 кг сениори, кик лајт, Будо Велес
- Димитар Давитковски –54 кг, помлади јуниори, лоу кик, Предатор
- Тео Камчев -63 кг, јуниори, кик лајт, Будо Кавардци
Бронзени медали освоија :
- Димитар Илиевски -42 кг помлади кадети, поинт фајт, Будо Велес
- Данило Методиевски -71 кг постари јуниори, лоу кик, Предатор
- Дарко Димитриев -71 кг сениори, лоу кик, Будо Кавадарци
- Антонија Тасева -60 кг постари кадети, кик лјат, Гладијатор фајт
- Петар Станковски -75 кг, постари јуниори, лоу кик, Предатор






Ново на Сител
-

Манчестер јунајтед го победи Брентфорд и обезбеди пласман во ЛШ следната сезона
-

Светски ден за безбедност и здравје при работа, лани во државава 132 несреќи при работа, 31 со смртен исход
-

Тошковски на промоција на Протокол за лица без државјанство
-

Напаѓачот на вечерата организирана од Белата куќа обвинет за обид за атентат на Трамп
-

Зеленски: Членството во ЕУ и безбедносни гаранции – клучни барања на Украина
-

Јокиќ со трипл-дабл спречи елиминација на Денвер во НБА-плејофот
-

Рубио: Блокадата на Ормуската Теснина еквивалентна на нуклеарно оружје
-

Без вода делови од Карпош, Центар и Бутел
