Loading Video...
Фудбал
2. September 2021 - 11:05
Македонските фудбалери со нетрпение го чекаат вечерашниот меч со Ерменија
Најдобрата македонска фудбалска репрезентација вечерва ќе го одигра четвртиот натпревар во квалификациите за СП во Катар 2022.
Во Скопје на националната арена „Тодор Проевски“ Македонија ја пречекуваме селекцијата на Ерменија.
Ерменците се наш добар познаник, но за разлика од претходните дуели сека ние сме во видно изменет состав и со нов предводник.
Сепак, и новиот селектор Благоја Милевски ќе стори се Македонија да го продолжи позитивниот настап во овие квалификации во кои несреќно загубивме на гостувањето во Романија во првото коло, по што следуваат победите над Лихтенштајн во Скопје и историскиот тиумф на гости против Германија.
„Ерменците со самото место кое го заземаат во групата, докажува дека се квалитетен тим. Тие покажуваат дека освен тимски квалитет имаат и поединечен. На стартот победија „три од три“, а одиграа добри тестови со Шведска и Хрватска. Сепак, свесни сме дека и ние поседуваме квалитет, да одговориме на предизвикот“, изјави селекторот Милевски.
Ерменците пак во Скопје допатуваа како први во нашата група со максимални девет бода (три од три) па и нивната цел е таа серија на добри резултати да ја продолжат.
Без разлика на тоа, еден од поискусните во нашиот состав Александар Трајковски верува дека црвено-жолтите може да ја израдуваат нашата јавност
„Што се однесува до Ерменија, игравме неколку пати. Најважно е да бидеме фокусирани и да играме така како што сме играле досега и сме победувале. Со новиот селектор сигурно ќе има и нови идеи, ќе се обидеме да се наметнеме кај него и да го исполниме она кое го бара. Имаме краток период, важно е по секој меч добро да се одмориме затоа што пред нас се мечеви во кратко време“, вели Трајковски.
Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија ќе започне од 20 часот и 45 минути термин во кој ќе се играат и другите две средби од нашата група, во која се среќаваат Исланд и Романија селекции против кои црвено-ќолтите ќе играат на 5-ти и 8-септември во Рејкјавик и Скопје, додека Германците кои имаат 6 бодови како и ние, а се зад нас на табелата гостуваат кај аутсајдерот Лихтенштајн кој досега нема освено ниту еден бод.
На вечерашниот натпревар како и на дуелот против Романија, македонските фудбалери ќе имаат и поддршка од трибините и тоа во ограничен број, согласно ковид протиколите,
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
