Loading Video...
Фудбал
10. December 2020 - 15:38
Македонските фудбалери ја завршуваат годината на 65 место на ФИФА ранг листата
Македонската фудбалска репрезентација остана на истата позиција односно истото место на по најновото рангирање на ФИФА што беше објавено денеска
Иако со пласманот на завршницата на ЕП следната година македонската фудбалска репрезентација го оствари најголемиот успех во историјата, сепак нашата земја како и минатиот, така и овој месец останува на истата позиција на најновата ранг листа на ФИФА.
Така Македонија, календарската 2020-та година ќе ја заврши на 65.место.
Од нашите противници во квалификациите за Мундијалот, очекувано најдобро рангирана е Германија 13.место. а пред нас се и Романија 37-то и Исланд 46-тото место, додека послаб ранкинг од нашата земја имаат Ерменија која е 99-та и Лихтенштајн кој е на дури 181. место.
Најдобра во светот и натаму останува е Белгија, пред Франција и Бразил, а во „топ10“ уште се и селекциите на: Англија, Португалија, Шпанија, Аргентина, Уругвај, Мексико и Италија.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
