-->
-->
Македонскиот ракометен репрезентативец Кузмановски потпиша за Вецлар
-->
Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски ја смени клупската средина во Бундеслигата и премина од Хановер во Вецлар.
Откако успешно ги мина задолжителните медицински прегледи, 26-годишниот Кузмановски денеска со Вецлар потпиша договор за соработка до крајот на следната сезона.
Кузмановски доаѓа во Вецлар, каде дел од стручниот штаб е поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски, со задача да му помогне на клубот да избори опстанок во германското првенство.
Вецлар се наоѓа на 16. место на табелата во Бундеслигата, а дебито на Кузмановски е најавено за идната недела на гостувањето кај Фуксе Берлин во рамки на 20. коло.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавни обвинители, СДСМ гласаа против
