Македонската репрезентација во Традиционално таеквондо дел од светската таеквондо елита во Астана

Македонската репрезентација во традиционално таеквондо ќе учествува на Светското првенство во традиционално таеквондо (Таеквондо ИТФ) што 18 до 26 овој месец ќе се одржува во Астана – Казахстан. Нашата таеквондо делегација составена од натпреварувачите Давид Крстески, Елена Јанеска и Христијана Парулеска, најдобрата кадетка на Европско првенство одржано оваа година во Италија, во Астана патува предводена од тренерот и претседател на Македонската ИТФ федерација, Марјанчо Лазаревски.
Сите членови на македонскиот табор ги минаа задолжителните антидопинг тестирања неопходни за учество на сите врвни натпреварувања.
„Подготовките течеа последните два месеци секојдневно, го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солидни резултати, според нивниот историјат на успеси можеме да веруваме во нашите натпреварувачи , иако за нив ова е прв настап на Светско првенство “, рече селекторот Марјанчо Лазаревски.
Според него, тројцата репрезентативци се искусни натпреварувачи, подготвени да дадат се од себе да ја претстават државата најдобро што можат, па и да освојат некоја од медалите. Тој изрази благодарност до Агенцијата а млади и спорт што е покровител на учлеството на репрезентацијата во Казахстан, до Општина Охрид што помогна во подготовките на репрезентативците, како и до генералниот спонзор „ПН МЕТАЛ” што стои зад секој успех на македонските натпреварувачи во традиционално таеквондо.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
-

Иран повторно ја предупреди Бугарија
