Loading Video...
Фудбал
9. March 2021 - 15:49

Македонската футсал селекција домаќин на Србија

Во С.Ц. „Јане Сандански“ од 19:00 часот  македонската футсал репрезентација е домаќин на Србија во меч од 4.коло на четвртата  групата во квалификациите на Европскиот шампионат. 
 
Во овој дуел двете селекции влегуваат со идентичен број на освоени бодови.  Потсетување дека пред четири дена во Врање првиот меѓусебен дуел немаше победник, односно натпреварот заврши нерешено 1:1, па затоа вечерашниот меч е од огромно значење за двете репрезентации. 
 
Црвено-жолтите ќе се обидат одново да го изненадат силниот противник и да го направат клучниот исчекор кон пласман на континенталниот шампионат. 
 
Селекторот Васко Скендеровски вели дека доколку одиграме со истата борбеност и тактички бидеме на високо ниво, можеме да се надеваме на позитивен резултат, но голем хендикеп е неиграњето на Даниел Де Соуса, играч со големо искуство во вакви натпревари. Добрата вест е што во составот се враќа нашиот капитен Ранготов, со што селекторот Скендеровски ќе имама  поголем избор. 
 
На табелата во нашата група убедливо прва е селекцијата на БиХ која има максимални 9 бодови, додека Романија, Македонија и Србија досега собраа по два бода, па во последните трти натпревари токму меѓусебните дуели на овие три селекции ќе решаваат за освојувањето на второто место во групата.