Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Турција

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе одигра уште еден пријателски дуел. Најдобрата селекција гостува кај Турција уште еден учесник на Светското првенство кое почнува на 11. јуни. По натпреварот во Сараево со Босна и Херцеговина (0:0), селекторот Гоце Седлоски ќе има прилика да испроба играчи на кои ќе смета за следниот циклус натпревари во Лигата на Нациите.
На прес конференцијата во пресрет на дуелот и за важноста на овој тип натпревари се осврна репрезентативецот Езѓан Алиоски, кој порача дека ваквите натпревари се од големо значење за развојот на селекцијата.
– Ова се натпревари од кои можеме многу да научиме. Против Босна и Херцеговина покажавме добри работи, но јасно е дека е потребно време за да се воиграме. Секој ваков натпревар е ново искуство и нов чекор напред за тимот“, рече Алиоски.
Контролниот натпревар меѓу Турција и Македонија ќе се одигра на стадионот „Шукру Сарачоглу“ со почеток во 18:30 часот, а македонскиот национален тим тренираше синоќа на теренот каде ќе се игра натпреварот.
Ново на Сител
-

ЕУ предлага пакет поддршка за земјоделците погодени од трошоците за ѓубрива
-

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони
-

Сончево и топло, попладне локален пороен дожд
-

Пет земји од ЕУ предлагаат привремено ограничување на правото на глас за идните земји членки
-

Ристовски: Фудбалскиот камп на AC Milan во Скопје е ретка можност за нашите млади спортисти да учат од европските гиганти
-

Во полициска акција во БиХ уапсени 13 лица, запленети оружје и експлозив
-

МВР: Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“
-

Вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица уапсени
