Македонската федерација за дигање тегови денеска оствари средба со Балканската вејтлифтинг федерација
Вчера 14.11.2024 во Скопје се реализираше конструктивна средба на претседателката на Македонската федерација за дигање тегови г-ѓа Ирена Митровска, ген. секретар г-дин Бобан Ѓороски и претседателот на Балканската федерација за дигање тегови кој е и актуелен претседател на Федерацијата за дигање тегови на Албанија г-дин Елез Гјоза и претседателот на Федерацијата за дигање тегови на Косово - г-дин Астрит Хасани.
Средбата се реализираше во просториите на Македонскиот олимписки комитет и на истата присуствуваше и претседателот на Македонскиот олимписки комитет г-дин Даниел Димески. Оваа средба е реализација на договорот кој беше направен во Драч, Албанија минатиот месец каде беше ре-обновена Балканската федерација за дигање тегови и за член на истата беше избрана г-ѓа Ирена Митровска. Како помош на македонскиот спорт и конкретно за промоција на дигањето тегови во нашата земја денес добивме донација од две платформи и еден сет за вејтлифтинг за Македонската федерација за дигање тегови и во блиска иднина договоривме стручна помош за едукација на спортисти, тренери и судии во нашата земја.
“Ова е огромен чекор за македонскота федерација за дигање тегови и се надеваме дека сме на пат за конечно популаризирање на овој спорт во Македонија.” - изјави г-ѓа Ирена Митровска.








Ново на Сител
-

Јане Ченто поднесе пријава против Русковска за 27 април
-

Избегната трагедија во Охрид – Параглајдер слета меѓу луѓе
-

Семејното насилство во пораст, зошто мерките не даваат ефект?
-

Центар за хронични рани и гангрени ќе се гради во состав на геријатрија „13 Ноември” - Скопје
-

Почна реконструкцијата на Универзалната сала
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Дизелот ќе поевтини
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за блокади и предавства
